Европската ракометна федерација денеска објави дека селекцијата на Србија ќе биде посилна за средниот бек на Веспрем, Петар Ненадиќ, кој не играше на првите две средби поради повреда. Сепак, од страна на одговорните во Ракометниот сојуз на Србија оваа вест е демантирана така што останува до вечер до 20:30 часот енигма дали Србите со или без Ненадиќ ќе тргнат на дуел со Франција.
Во таборот на Србија има ракометар кој е позитивен на корона, Петар Ѓорѓиќ. Иако се очекуваше Ненадиќ да се врати на терените дури на почетокот на февруари, сепак, Ненадиќ ги почна подготовките со Веспрем и веројатно е подготвен да и помогне на репрезентацијата, но останува да се види дали ЕХФ или Ракометниот сојуз на Србија ја имаат точната информација.
Србија мора да ја совлада Франција за да се пласира во главната рунда на Европското првенство, но тогаш би можел да се направи круг во кој влегува и Хрватска, па ќе биде доста интересно.
Натпреварот меѓу Србија и Франција се игра вечерва во „ПИК Арена“ во Сегедин со почеток во 20:30 часот.