Некогашниот лев бек на Вардар, Александар Деревен, ја заврши кариерата и сега работи како тренер со млади категории во Тољати.
Тој во интервју за „Брз Центар“ меѓу другото, говореше и за престојот во Вардар и за последната одлука на ЕХФ да го исклучи од ЛШ.
„Ми останаа многу убави спомени од Вардар се разбира. Сега тимот е многу изменет од тогаш кога бев јас, има само неколкумина од тоа време…Ги следам сите вести и случувања поврзани со Вардар. Срамно е што го исклучија клубот од европските натпреварувања поради долгови. Сепак, во последните шест сезони, Вардар два пати стана европски шампион“, вели Деревен.
Деревен освои дупла круна во Македонија, титула во регионалната СЕХА лига и во Лигата на шампионите.