Срамни сцени беа видени на ракометните терени минатиот викенд во Романија, кога се одржуваше турнирот за опстанок во најквалитетна женска конкуренција.
Тренерот на Залау, легендарниот Георге Тадичи, беше главниот лик. За време на паузата на мечот меѓу Залау и Плоешти, Тадичи му даваше пари во плик на едно од официјалните лица, а оваа ситуација беше снимена од „Газета Спортурилор“.
На крајот Залау го доби мечот со Плоешти со 34-26, иако губеше со 15-11 на полувремето и го потврди опстанокот во елитната конкуренција во Романија.
Според „ГСП“, плаќањето на официјалните лица за работата на натпреварите оди преку федерација директно на сметка, па овие пари сигурно не биле за таа намена. Видеото може да го погледнете ТУКА.
Покрај Залау, опстанок обезбеди и Миовени, а во понизок ранг се селат Дева и Плоешти, кој потоа се обрати на социјалните мрежи и ги прозиваше судиите за лоша арбитража на натпреварот.