Од 2 август, па сѐ до 13, во Хрватска ќе се одржува Светското кадетско првенство во машка конкуренција.
Меѓу учесниците е и репрезентацијата на Црна Гора, која е еден од ривалите на Македонија во рамки од групната фаза.
За Црна Гора настапот во Хрватска ќе биде дебитански, со оглед на тоа дека во својата историја нема забележано учество на кадетските Мундијали.
Кадетите на Црна Гора пласманот на Светското првенство во Хрватска го обезбедија откако на Европското кадетско првенство, кое се одржуваше на нивна територија, завршија на 12. позиција.
Црногорскиот селектор Драшко Мрваљевиќ за настапот во Хрватска нема да може да смета на Радош Премовиќ, Дејан Коловиќ и Игор Мрваљевиќ, кои се повредени.
Освен со Македонија, црногорската селекција ќе игра и против Грузија и Норвешка во рамки од групата Д.
Во кадетската репрезентација на Црна Гора ќе настапи и довчерашниот член на Вардар, Андреј Добрковиќ.
Клучни играчи: Милорад Бакиќ (лев бек), Андреј Добрковиќ (среден бек), Саво Вујовиќ (голман)
СП 2023: Норвешка – седмата европска сила може да им ги замрси сметките на фаворитите