СП 2021 Група Е: Голема битка помеѓу три европски репрезентации и САД

Две групи од прелиминарната рунда на Светското првенство во Египет имаат по три европски репрезентации, една од нив е групата Е. Во групата се моќните Франција и Норвешка, а тука е и Австрија кој може да изненади. Една од најинтересните групи ја комплетира репрезетанцијата на Соединетите Американски Држави кои се враќаат на првенствата после 20 години.

Норвешка доминира во женскиот ракомет, но исто така и машката репрезентација направи огромен чекор напред со освојување на сребрениот медал на последните две светски првенства. Првиот натпревар од групата Е ќе биде реприза од финалето на Светското првенство во 2017 година кога Франција славеше 33:26 против Норвешка и го освои златниот медал. На тој Мундијал Норвешка имаше два порази и двата беа од „триколорите“, за разлика од финалето на мечот од групната фаза беше понеизвесно и Франција победи со 31:28.

Франција победи на последните пет дуели против Норвешка на светските првенства но Норвежаните се одмаздија за овие порази на ЕУРО 2020 кога во групната фаза триумфираа со 28:26. Со оглед на тоа што Франција не игра во најдобра форма, а им недостасува и првата ѕвезда Никола Карабатиќ заради повреда, Норвешка би можела да стигне до првата победа на Мундијалите против Французите уште од 1961 година.

Искуството и квалитетот на Франција и Норвешка се огромни, нивната историја е долга повеќе од 60 години на првенствата што ги прави фаворити во групата Е. Сепак треба да се обрне внимание на третата европска репрезентација во групата, а тоа е Австрија.

Австрија е мешавина од млади играчи кои во иднина треба да се докажуваат и квалитетни искусни ракометари на клучните позиции. Австрија на Светското првенство во 2019 година имаше многу слаб настап, заврши на 19. место со само една победа во групната фаза против Саудиска Арабија. Пред две години Австрија и Норвешка играа во групната фаза на Светското првенство, а Норвежаните победија со 34:24 предводени од Сандер Сагосен кој беше незапирлив со осум погодоци. Австрија и против Франција има негативен биланс, на девет натпревари има само една победа и осум порази вклучувајќи го последниот на ЕУРО 2020 од 26:33.

На трите европски репрезентации друштво во групата Е ќе им прави репрезентацијата на САД која се враќа на сцентата после пауза од 20 години. Бидејќи пандемијата на Ковид-19 спречи да се одржи квалификацискиот турнир, Советот на ИХФ одлучи САД да добијат место на турнирот во Египет. Соединетите држави досега немаат играно против Франција, а имаат порази од Норвешка 15:41 и Австрија 19:31. Сепак натпреварите против овие европски тимови за САД ќе бидат од големо значење и искуство што ќе им послужат како подготовка за настапот на Олимписките игри во 2028 година кога ќе бидат домаќини.

Од 1993 година кога го освоија првиот медал Французите постојано се во врвот на светскиот ракомет. На последното Светско првенство завршија на третата позиција, а досега имаат освоено шест златни медали од кои последен во 2017 година кога беа домаќини. На овој Мундијал обезбедија учество откако беше откажан бараж дуелот против Македонија. Клучни играчи на репрезентацијата на Франција се Мелвин Ричардсон, Дика Мем и Лудовик Фабрегас.

ФРАНЦИЈА

#ИграчПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
5fraНедим Ремилидесен бек119513794
16fraЈан Гентиголман01850489
17fraТимоти Н’Гесанлев бек019692110
18fraМишел Гигулево крило018011778
19fraЛук Абалодесно крило018310783
22fraЛука Карабатиќпивот620276109
26fraНиколас Клерцентрален бек01900191
27fraЖан Жак Аквиљолев бек319585100
27fraАдриен Дипандадесен бек120217105

Подемот на машкиот ракомет во Норвешка со право им дава надеж на Норвежаните да се надеваат на највисок пласман, дополнително што на последните две првенства се закитија со сребрен медал. Норвешка има 15 настапи на Мундијалите и сè уште чека златен медал. Клучни играчи во тимот се Сандер Сагосен, Харалд Рајнкинд, Кристијан Осаливен и Алекандер Блонц.

НОРВЕШКА

#ИграчПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
1norРобин Поулсен Хаугголман019500105
8norБјарте Мирхолпивот01929693
9norХенрик Јакобсенпивот219614100
16norЕспен Кристенсенголман01900090
17norМагнус Јондаллево крило018715683
18norВилијам Арлев бек01980290
23norГоран Согард Јоханесенцентрален бек219221692
25norЕлвинд Тангенгдесен бек11950493

Австрија ќе го има својот седми настап на Светските првенства на претстојното во Египет. Најдобар пласман Австријците забележаа на првото одржано кога учествуваа само четири репрезентации кога беа втори. На останатите Мундијали имаат само епизодна улога. Клучни играчи се голманот Томас Бауер, ветеранот Роберт Вебер кој игра на десно крило и Себастијан Фримел на лево крило. Во тимот на Алеш Пајовиќ нема да бидат повредените Никола Билик и Јанко Божовиќ, што ќе биде голем хендикеп.

АВСТРИЈА

#ИграчПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
1autТомас Бауерголман01900492
4autМаксимилијан Хермандесен бек619567100
6autДоминик Шмидлев бек11925590
16autФлоријан Кајперголман01871483
19autАнтонио Јуриќпивот119922115
25autНикола Стевановиќдесен бек318810792
31autЈулијан Прачнерлево крило01909586
40autТомас Ајхбергерголман019416102
57autБалтазар Хуберпивот3192106110
60autЈакоб Јохманцентрален бек01789685
94autКриштоф Нојхолдлев бек019314100

Учеството на САД на Мундијалот може да придонесе Американците да сфатат колку интересен спорт е ракометот. Досега САД има шест настапи на Светските првенства без некој забележителен успех и без ниту една победа. Клучни играчи во тимот се Ендрју Долин (пикер), Јан Хатер (среден бек), Домагој Сршен (пикер), Абубакар Фофана (лев бек) и Рене Инграм (голман).

САД

#ИграчПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
usaГери Хајнслев бек01800084
5usaАмар Амитовиќлев бек01960097
8usaАлександре Бланкоцентрален бек01880077
10usaТај Риддесно крило01900090
11usaАбубакар Фофаналев бек01980096
12usaРене Инграмголман019800115
13usaБенјамин Брифдесен бек01980090
14usaЈан Хутерцентрален бек01960091
17usaЕндрју Донлинпивот020200111
18usaЈонас Стромбергдесен бек01910095
21usaПал Мерковскиголман01980095
25usaАдам Елзогбидесен бек01910096
33usaСамуел Ходерсенлево крило01830079
34usaДомагој Сршенпивот020200110
44usaНиколај Вебердесно крило01950085
48usaМаксимилијан Биндерисдесно крило01840075
49usaЈакоб Кристијансендесен бек01870085
52usaПатрик Хуетерпивот01960095
77usaПол Скорупапивот01930094
99usaНиколас Робинсонголман01930087