СП 2021 Група Б: Четири различни стила кои ветуваат многу неизвесност

Во групата Б на Светското првенство во Египет три континенти имаат свои претставници, а едно е сигурно – натпреврите ќе бидат тешки и неизвесни. Европскиот првак Шпанија ќе се сретне со Полска, Тунис и Бразил во обид да го освои првиот медал на СП после освојоувањето на титулата во 2013 година.

Секоја репрезентаија од групата има нешто уникатно. Шпанија се потпира на искуството на своите ракометари, нивната сила и хемија која ја има во тимот. Полска е препознатлива по физичката сила, додека Тунис може да се пофали со брзина и техника, а Бразил секогаш може да изненади со својата комбинација на младост и искуство.

Ваквиот формат на првенството каде што три екипи продолжуваат во наредната фаза придонесува тимовите да немаат право на грешка и секој натпревар ќе биде максимално важен. Сепак во групата Б има еден тим кој е јасен фаворит, а тоа е Шпанија. Искуството, тактичкото знаење и разноврсноста се главни адути на Шпанците што ги прави едни од фаворитите за медал. Избраниците на Жорди Рибера се актуелни европски шампиони од последното Европско првенство 2020 година.

Костурот на тимот остана ист, со врвни голмани во Перез Де Варгас и Родриго Коралес, искусниот капитен Раул Ентрериос и квалитетните браќа Даниел и Алекс Душебаев. Шпанија има позитивен учинок против сите ривали од групата со тоа што на дуелите со Бразил и Тунис се перфектни со сите победи.

Шпанија доминираше на сите дуели против Бразил на светските првенства и олимписките игри, сепак со текот на времето гол разликата во победите се намалуваше. Најнеизвесно беше на во осминафиналето на првенството во Франција во 2017 година кога Брзил водеше 40 минути, но сепак Шпанија победи со 28:27. Шпанците имаат одиграно седум натпервари против Тунис и исто толку победи со просечна гол разлика од 6,8.

Додека Бразил и Тунис сè уште ја очекуваат својта прва победа против Шпанија, Полска веќе го има сторено тоа. Иако Шпанија ги доби последните седум меѓусебни средби, Полјаците последната победа против нив ја имаат на Светското првенсство во Катар во 2015 кога во дуел за бронзениот медал после продолженија славеа со 29:28. Тоа беше врвот на една многу успешна генрација на Полска што беше крунисана со медал од Светско првенство. Потоа следуваше голема промена на генерацијата во репрезетацијата на Полска што резултираше со неуспех на квалификациите за пласман на СП 2019. Сега откако добија вајлд карта за настап во Египет, Полјаците повторно се стремат кон нов успех и пласман во главната рунда.

Играчите на Шпанија и Полска можат да се пофалат со повеќегодишно искуство од играње во силните европски лиги, додека оние од Тунис и Бразил исто така во последниве години се повеќе се присутни во Европа и оставаат свој траг. Тунис ќе се сретне со Бразил на 17 јануари во натпревар кој би можел да биде одлучувачки за пласман во нарендата фаза. Африканската репрезентација која беше втора на континенталното првенство зад Египет веќе има две победи на светските првенства против Бразил од три дуели. Но јужноамеркианскиот претставник доаѓа во Египет со цел да го подобри својот најголем успех од претходното првенство кога заврши на деветото место на првенството во Германија и Данска во 2019 година.

Шпанија веќе 15 години постојано е во врвот на големите натпреварувања. До сега Шпанците имаат учества на 20 светски првенства и освоени две шампионски титули во 2005 и 2013 година. На оваа светско првенство доаѓаат како европски шампиони со само една измена во тимот. Хулен Агинагалде после долгогодишни настапи во репрезентацијата за ова првенство е надвор од тимот, а на негово место е Рубен Марчан. Клучни играчи во тимот на Шпанија се голманот Гонзало Перез де Варгас, тука е и капитенот Раул Ентрериос и Алекс Душебаев.

ШПАНИЈА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
9espРаул Ентрериосцентрален бек118820692
10espАлекс Душебаевдесен бек118722794
15espЈосу Гонилев бек219221108
24espВиран Морослев бек81991795
52espРубен Марчан Кријадопивот1204137115
59espДаниел Душебаевцентрален бек219822798

На претстојното првенство Полска ќе се обиде да се врати на претпознатливите патеки од минатото но со подмладен состав. Полска има 15 настапи на мундијалите, а најголемиот успех им е третото место во Катар во 2015 година. Клучни играчи во подмладениот тим се очекува да бидат Аркадиуш Морито и голманот Матеуш Корнецки, а тука е и играчот на Вардар, Патрик Валчак.

ПОЛСКА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
1polАдам Моравскиголман01900682
11polМациј Мајжинскидесен бек01908693
14polАркадиуш Осовскицентрален бек01930281
14polЈан Чуваралево крило01846685
15polКаспер Адамскилев бек11853192
36polДавид Давиџикпивот020026116
48polТомаш Гебалалев бек4-116-
49polПјотр Чрапковскилев бек320306105

Тунис пристигнува на првенството како второпласирана земја од африканското првенство со желба за нов добар резултат. Ова ќе биде нивно 14. учество на мундијалите, а најголем успех имаат во 2005 година кога завршија на четворото место. Клучни играчи во тимот се левиот бек Мосбах Санаи, средниот бек Камел Алуини и голманот Маурен Магиз.

ТУНИС

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
1tunМакрем Мисауиголман01880098
6tunГази Бен Галипивот119842110
7tunМаџуб Рамзидесно крило01887681
8tunРами Фекихлев бек02020298
9tunАмин Банурдесен бек019600102
10tunКамел Алуиницентрален бек01820085
12tunМаруан Магаизголман019204110
13tunОсама Хоснидесен бек01920088
15tunКалед Ај Јусефцентрален бек21891499
16tunВасим Хелалголман01930087
18tunМохамед Рида Фрадлев бек01870080
19tunМошбах Санаилев бек419124689
20tunВаел Мзугицентрален бек01930086
21tunОсама Буганмилево крило01870087
22tunМареф Јусефлев бек119515685
23tunМохамед Гази Мемичпивот01840090
27tunИсам Рзигдесно крило018237677
28tunХазем Бачалев бек02052395
29tunТарак Жалуздесно крило01830077
39tunМохамед Сусицентрален бек41941398
55tunГасен Тоумилево крило318023682
66tunИслем Џбелипивот119325105
69tunЏабала Џихедпивот2204196119
71tunМохамед Амине Дармулцентрален бек218340681
77tunСкандер Заједлев бек21974692
87tunБилел Хмемдесен бек02040096
88tunМарвен Сусиголман01940386
89tunРафик Бачалево крило01880084
90tunМаруан Шуирефпивот019500109
92tunОсама Јазирилев бек31917596
93tunФраџ Бен Такајаголман019000107
94tunМехди Садри Харбаиголман01960592
96tunАнур Бен Абалахдесен бек41868681
97tunАшраф Маргелидесен бек11935695
99tunАсли Намлиголман020000101

Брзил со големи амбиции ќе настапив на Мундијалот во Египет откако на последното првенство имаше фантастично издание. До сега Бразил има 14 учества, а најдобар резултат остварија на првенството во 2019 година кога беа деветти. Водечки играчи во тимот се Фелипе Боргес (лево крило), Рожерио Мораес на пикерската позиција и Тијагуш Петруш како главен солб во одбраната.

БРАЗИЛ

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
1braМајк Сантосголман01800585
2braЕнрике Тешеирацентрален бек219295102
4braЖоао Силвацентрален бек11938690
5braГиљерме Торијанилево крило118614580
10braЖозе Толедодесен бек31937496
11braКлебер Андраделево крило01850390
13braРожерио Мораеспивот4204226125
14braТијагуш Петрушлев бек019800107
16braРанхел Да Росаголман01891699
18braФелипе Боргеслево крило01880088
19braФабио Чиуфадесно крило118712685
25braВинициус Тешеирапивот018866110
28braМатеус Силвапивот01980095
30braАртур Патриановацентрален бек, лев бек21914595
33braЛеонардо Дутралев бек11840493
34braЖозе Лучано11989697
35braТиаго Понсианолев бек41932699
37braХаниел Лангаролев бек0197306100
62braЛеонардо Терсариолголман019400104
77braРудолф Хакбартдесно крило018921687
89braЦезар Алмеидаголман01870596
95braГуставо Родригесдесен бек2190236100
97braГабриел Серетадесен бек019700100