СП 2021 Група А: Европските моќници против дебитантите на СП

Групата А на 27. Светско првенство во Египет 2021 година е составена од репрезентации од три континенти, а тука се и двете дебитантски репрезентации од вкупно три на првенството Уругвај и Капе Верде (Зеленорските острови). Во групата А уште се и трикратниот светски првак Германија и двократниот финалист Унгарија.

Уругвај и Капе Верде за првпат се на светско првенство и до сега немаат меѓусебни дуели ниту дуели со европски репрезентации со оглед на тоа што се од различни континенти.  Уругвај се пласираше како третопласирана репрезентација на шампионатот на Јужна и Централна Америка, додека Капе Верде го обезбеди својот билет за Мундијалот како петопласирана селекција на афричкото првенство во 2020 година.

Натпреварите во групата А започнуваат на 15. јануари и веднаш ќе добиеме слика како дебитантите ќе се справат со фаворизираните европски репрезентации. Сите кои следат ракомет во изминатите години знаат дека Германија е една од најдобрите репрезентации за гледање и е еден од главните фаворити за титулат во Египет и покрај бројните откажувања на играчи. Германија е европски шампион од 2016 година, а потоа следеше освојување на бронзен медал на Олимписките игри 2016. Германија на претходното Светско првенство во 2019 година го освои четвртото место, а на последното големо натпреварување во 2020 година на ЕП го освија петото место.

Помалку забележителен е подемот на Унгарија, но секој кој го следеше Европското првенство во 2020 година ќе знае колку Унгарците се опасни. Со просечна возраст под 25 години селекцијата на Унгарија беше најмлада на последното ЕП. Унгарија ги победи Русија и Исланд, додека со подоцна освојувачот на СП, Данска одигра нерешено. Унгарците со овие резултати беа многу блиску да обезбедат полуфинале, но на крајот завршија само да деветото место на првенсвото.

После ЕП 2020, единствените официјални натпревари што се играа во Европа се квалификациските дуели за следното ЕП на кое домаќин е Унгарија. Унгарците се директно квалификувани како домаќини и играат во Евро Купот. Започнаа со победа против Шпанија и тесен пораз од Хратска. Овие резултати покажуваат дека младата селекција на Унгарија мора сериозно да се сфати.

На хартија главни фаворити и битката за првото место ќе ја водат Германија и Унгарија, додека Уругвај и Капе Верде ќе се борат за третото место кое води следната фаза. На првите натпревари од групата А ќе се сретнат Германија и Уругвај, а потоа и Капе Верде со Унгарија. Во второто коло Капе Верде ќе игра со против Германија, додека Унгарија и Уругвај ќе ги одмерат силите. Третото коло се очекува да биде одлучувачко за првото место каде што ќе решаваат Унгрија и Германија и за трето место ќе се игра дуелот помеѓу Уругвај и Капе Верде.

Од оваа група единствени репрезентации кои досега имаат меѓусебни дуели на официјални натправери се Германија и Унгарија. На вкупно 60 натпревари Германија триумфирала на 33 меча, додека Унгарија победила 16 пати, а 11 натпревари завршиле нерешено. Последната победа Унгарија против Германија ја има на пријателсики натпревар во 2012 година, а оттогаш Германија победи на четири меѓуебни дуели од кои последен беше на Светското првенство во 2017 година.

До сега на светските првенства Германија има вкупно 25 учества со освоени три шампионски титули во 1938, 1978 под името Западна Германија и во 2007 година. И покрај откажувањата на неколку ракометари сепак Германците имаат силен тим и многу квалитетни индивидуалци. Меѓу нив се голманот Андреас Вулф, Уве Генсхајмер и Тимо Кастенинг. Германците се први фаворити во групата А и ќе се обидат да стигнат чекор подалеку од минатото светско првенство кога завршија на четвртата позиција.

ГЕРМАНИЈА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
3gerУве Генсхајмерлево крило118814590
6gerФин Лемкелев бек021000115
8gerТим Зутонцентрален бек01910090
9gerТобијас Рајхмандесно крило01883184
12gerСилвио Хајнефетерголман01940399
15gerЈури Кнорцентрален бек11905494
15gerКристијан Дисингерлев бек020200102
19gerМариуш Штајнаузердесно крило01870085
21gerДарио Квенштетголман01930098
22gerМаријан Михалчикцентрален бек019923100
24gerПатрик Грецкидесно крило01891484
27gerАнтонио Мецнердесен бек020701105
32gerФранц Земпердесен бек01900092
38gerФабијан Бемлев бек41984597
42gerМориц Пројспивот01940195
61gerХендрик Пекелерпивот020300101
77gerДавид Шмитдесен бек11909592
80gerЈаник Колбахерпивот019300105
93gerПатрик Цикерлево крило01860086

Унгарија во минатото има 21 учества на светските првенства од кои најголемиот успех го има забележано на првенството во 1986 година кога го освоија сребрениот медал. Во репрезентацијата на Унгарија има многу врвни ракометари, а како главни предводници се сметаат голманот Роланд Миклер, организаторот на играта Мате Лекаи и пикерот Бенце Банхиди. Унгарија обезбеди пласман на СП како деветопласирана репрезентација на ЕП 2020 бидејќи баражите подоцна беа откажани заради коронавирусот.

УНГАРИЈА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
4hunХуба Вајдапивот019300112
7hunБендегуз Бокалево крило11936585
8hunПетер Ковачичлев бек01880070
21hunЗоран Илиќдесен бек01970086
26hunАријан Андоголман01890083
28hunМартон Варгалев бек01880082
31hunБенце Шучпивот020600134
34hunМарсел Габорлев бек01970095
35hunАндраш Кончлев бек01880088
45hunДавид Уборњакцентрален бек01840084
55hunЧаба Лајметердесен бек019500101

Уругвај за првпат ќе настапи на едно Светско првенство и ова ќе биде вистински историски момент за оваа репрезентација. Тие се пласираа со освојување на третото место на шампионатото на Јужна и Центална Америка. Главни играчи во тимот се Максимо Канцио (бек), Габриел Чапаро (пикер), Алехандро Веласко (лево крило), Николас Фабра (десно крило) и Фелипе Гонзалез (голман).

УРУГВАЈ

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
1uruЛуис Фелипе Наваретеголман01890390
2uruГабриел Чапаропивот419365110
4uruФакундо Листонпивот01938595
9uruНиколас Фабрацентрален бек118614105
10uruГабриел Спангенбергдесен бек11831495
11uruДиего Фалабрино Мединацентрален бек01780374
12uruАндрес Виераголман01841283
13uruМаксимо Естебан Кансиодесен бек219017595
15uruБруно Мендезпивот019034120
16uruФелипе Гонзалесголман01771576
17uruДиего Морандеирадесен бек018612584
19uruРодриго Ботехарацентрален бек01736570
20uruФедерико Руболево крило11836590
22uruСебастијан Весинолев бек019543105
24uruАлехандро Веласколев бек01834498
26uruМатијас Ечеверилево крило01800280
34uruХеронимо Гојоагадесно крило11778478
36uruКристијан Ростањо Риослево крило01786580
40uruМаксимилијано Де Агреладесен бек01834383
74uruГиљермо Милан Флореслево крило01740386

И за репрезентацијата на Капе Верде настапот на Светското првенство ќе биде најголемиот ракометен усепех на земјата. Тие обезбедија пласман на првенството со освојување на петото место на африканскиото првенство и за првпат ќе имаат можност да се спротивстават на моќните европски репрезентации. Клучни играчи во тимот се Делсио Пино (бек), Леандро Семедо (бек), Иво Сантос (бек), Елисио Фернандез (голман), Едмилсон Араухо (лев бек).

ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
1cpvЛуис Алмеидаголман01840190
2cpvЖил Баијано Дос Сантосцентрален бек01880180
3cpvДелкио Пиналев бек01982198
4cpvИво Сантоспивот020000100
5cpvЕдмилсон Араухолев бек01872193
6cpvЛеонардо Семедолев бек019461105
7cpvФлавио Фортесдесно крило01940088
8cpvРуи Лопезлев бек01870076
9cpvЕдмилсон Рибеиродесен бек01880082
10cpvБруно Ландимдесен бек01930095
11cpvФернандо Диаслев бек01920088
12cpvЕлчио Фернандесголман019601105
13cpvПауло Моренопивот019731100
14cpvПауло Андрадедесен бек01820075
15cpvАлександре Переиралево крило21862180
16cpvЖошимар Таварешголман01750070
17cpvРафаел Андрадедесен бек01960094
18cpvЏуниор Соаресголман01750077
19cpvАдмилсон Есталини Фуртадодесно крило11775178
23cpvГилсон Кореиалево крило01750072
25cpvЛеонардо Мартинслев бек01880085
29cpvФелисберто Ландимпивот019721119
30cpvЕледи Семедоцентрален бек01870093
31cpvАлексис Мирандалев бек01860078
32cpvЕдилсон Мораислево крило01880084
33cpvАндерсон Рочалев бек01890078
44cpvГуалтер Фуртадоцентрален бек11855194
45cpvВилсон Пинтодесен бек01890090
55cpvЕриксон Дуартецентрален бек01870088
66cpvФред Вилсон Дос Сантослев бек01870080
108cpvКлеивис Бритодесно крило01880078