СП младинки: Унгарија и Норвешка ќе се борат за злато!

Денеска се одиграа двата полуфинални натпревари на Светското младинско првенство за ракометарки до 20 години, кое се одржува во Словенија.

Во полуфиналните двојки, победници беа репрезентациите на Унгарија и Норвешка.

Актуелниот бранител на титулата од младинскиот мундијал пред четири години, Унгарија, беше подобра од Шведска со шест гола разлика, 25:33 (14:15).

Противник на Унгарија во финалето, кое ќе се одигра в недела, ќе биде репрезентацијата на Норвешка.

Ракометарките на Норвешка без многу проблеми обезбедија пласман во финалето, откако ја совладаа Холандија со девет гола разлика, 23:32 (14:14).