Денеска се одигра последното 3. коло од главната фаза на младинскиот Мундијал во Словенија. Од вкупно 16 репрезентации, осум обезбедија пласман во четвртфиналетото.
Во големата битка за влез меѓу најдобрите четири репрезентации во светот ќе се борат Холандија, Шведска, Норвешка, Данска, Ангола, Германија, Унгарија и Швајцарија.
Домаќинот, Словенија, не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето, ниту селекцијата на Црна Гора, која имаше добар старт, а без пласман останаа и ракометарките на Хрватска.
Последниот билет за четвртфиналето го обезбеди Германија, откако триумфираше против Ангола со 12 гола разлика, 21:33.