Репрезентацијата на Норвешка го освои првото место на Светското младинско првенство за ракометарки до 20 години во Словенија, откако во финалето славеше против актуелниот бранител на титулата, Унгарија, со два гола разлика, 31:29 (17:15).
Норвешка во 2010 година ја освои првата титула на младинскиот Мундијал за ракометарки до 20 години. Во своите учества на Мундијалите освен два златни медали, има освоено по два сребрени и бронзени.
Во борба за бронзениот медал, репрезентацијата на Холандија ја декласираше Шведска со 11 гола разлика, 31:20 (16:12), додека Германија ја освои 5. позиција на младинскиот Мундијал со триумфот над Швајцарија од 29:27 (17:11).
Од балканските земји, најдобар пласман оствари репрезентацијата на Црна Гора. Избраничките на Игор Марковиќ го освоија 10 место, а Хрватска и Словенија завршија на 12, односно 14 место.