Во вториот дел од денешните натпревари на Светското првенство во Македонија за кадетки беа постигнати очекувани резултати.
Сите фаворити забележаа победи. Романија, Данска, Македонија, Холандија, Германија и Унгарија беа убедливи против своите противници.
Јужна Кореја мораше малку да се помачи за триумф над селекцијата на Швајцарија, додека ривалите на Македонија во групната фаза, Иран и Узбекистан одиграа натпревар со многу голови.
Иран славеше со 47-31, а најистакната поединка во иранскиот состав беше Фатиме Мерики со 11 голови, додека Настаран Коџурифарахани и Маеде Ошахи дадоа по осум гола.
Во селекцијата на Узбекистан се истакнаа Севинч Еркабаева и Гулашај Имињонова со по шест гола.
Македонија игра денеска со Узбекистан, додека на 2 август ќе се соочи со Иран, но веќе знае од каде доаѓа најголемата опасност од двата ривали.