Денес на Светското првенство за кадетки во Македонија стартуваа натпреварите од главната рунда и од Президент Купот. Во главната рунда беа одиграни вкупно четири натпревари, по два натпревари од групата А и групата Б.
Македонската репрезентација во првиот натпревар од главната рунда одигра нерешено против Шведска, 20:20 (12:10) Во групата А, во која се наоѓа и Македонија, Исланд без многу проблеми триумфираше над Алжир 28:17 (17:10) и веќе е сигурен патник во четвртфиналето на кадетскиот Мундијал.
Во Групата Б, репрезентациите на Египет и Данска со победите над Португалија, односно Хрватска обезбедија пласман во четвртфиналето. Ракометарките на Египет по големата борба во натпреварот против Португалија триумфираа со два гола разлика 24:22 (11:11), додека Данска целосно ги надигра „коцкестите“, 29:23 (13:12).
Освен натпреварите од главната рунда беа одиграни и четири натпревари од Президент Купот. Фарски Острови и Австрија од првата група и репрезентациите на Црна Гора и Алжир од втората група остварија победи над своите противници.