Денес на поголемиот број натпревари во рамки од првото коло на Светското првенство во Хрватска победа остварија фаворитите.
На речиси сите одиграни натпревари немаше изненадувања, освен на дуелот меѓу Шведска и Иран, кој заврши нерешено 26:26.
Македонската репрезентација во неизвесен дуел беше поразена од Норвешка со 27:25, но избраниците на Раде Стојановиќ оставија добар впечаток.
Следниот ривал на Македонија, репрезентацијата на Црна Гора, немаше многу проблеми против Грузија и оствари убедлива победа од 34:19.
Црногорците во победата над Грузија беа предводени од Дарко Ѓурковиќ со десет погодоци и екс ракометарот на Вардар, Андреј Добрковиќ, со пет реализации.
Најубедлива победа во првото коло од групната фаза оствари репрезентацијата на Словенија, која против Нов Зеланд славеше со 60:11.
На убедливи победи се радуваа и Португалија, Хрватска, Унгарија, Шпанија, Данска, Австрија, Германија ,Аргентина и Фарски Острови.
Светско првенство, кадети, прво коло, резултати:
Група А
ПОРТУГАЛИЈА – РУАНДА 50:24 (26:5)
ХРВАТСКА – АЛЖИР 42:19 (19:6)
Група Б
УНГАРИЈА – МАРОКО 37:28 (19:11)
СЛОВЕНИЈА – НОВ ЗЕЛАНД 60:11 (30:3)
Група Ц
ЕГИПЕТ – ЈАПОНИЈА 40:32 (21:16)
ИСЛАНД – ЧЕШКА 27:29 (10:12)
Група Д
ШПАНИЈА – БРАЗИЛ 38:29 (18:17)
ЈУЖНА КОРЕЈА – БАХРЕИН 28:32 (13:14)
Група Е
ДАНСКА – ЧИЛЕ 32:21 (16:12)
АВСТРИЈА – МЕКСИКО 49:26 (21:10)
Група Ф
НОРВЕШКА – МАКЕДОНИЈА 27:25 (11:9)
Црна Гора – Грузија 34:19 (16:11)
Група Г
ГЕРМАНИЈА – САУДИСКА АРАБИЈА 37:26 (18:13)
АРГЕНТИНА – САД 33:21 (20:10)
Група Х
ШВЕДСКА – ИРАН 26:26 (12:9)
ФАРСКИ ОСТРОВИ – БУРУНДИ 53:21 (30:8)
Македонија играше храбро и машки, но на крјаот остана со празни раце!