„Спремна сум да играм на ЕП по 60 минути секој втор ден“

Една од најдобрите ракометарки на светот и членка на репрезентацијата на Норвешка, Нора Мерк, која од оваа сезона настапува за Есбјерг, во данскиот тим на натпреварите од Лига на шампионите, како и во шампионатот на Данска, имаше ограничена минутажа поради повреда.

Искусната ракометарка последните неколку години имаше сериозни проблеми поради низата повреди на коленото, а Европското првенство во ноември, на кое нашата држава заедно со Црна Гора и Словенија ќе бидат домаќините на континенталниот собир, ќе биде најголемиот предизвик за Морк, бидејќи ќе се обиде со својата репрезентација да стигне до петтото злато од континенталните собири.

Морк за норвешката телевизија „Спорт ТВ2“ истакна дека во следниот период ќе знае дали ќе може да одигра целосно на Европското првенство 2022, но е голем оптимист и се надева дека повторно ќе биде носител на својата репрезентација.

,,Чувствувам дека сите стануваат малку напнати кога ќе ги слушнат зборовите „Мерк“ и „повреда“ во иста реченица. Но, всушност не е толку страшно како во претходните години. Тренирам последните 10-12 дена, играм на некои натпревари и се чувствувам во добра форма. Бев малку сигурна во настапите и не го дадов максимумот, бидејќи се плашев од нова повреда. Во следниот период мора да го видиме резултатот од секојдневната работа. Секако дека сакам да играм на ЕП по 60 минути секој втор ден. Мислам дека сѐ ќе оди добро, не сум многу загрижена“, изјави Мерк

Норвешка на Европското првенство ќе игра во група со Унгарија, Хрватска и Швајцарија.