Спортски центар во Аеродром ќе носи име на ракометар! (ФОТО)

Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница донесе одлука за промена на името на сцортски центар во оваа општина.

СЦ „Ново Лисиче“ во иднина ќе го носи името на прерано починатиот ракометар на Бутел Скопје, Марко Божиновски.

20-годишниот Божиновски беше израснат во Аеродром и беше голем навивач на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, па членовите на општинскиот Совет донесоа одлука во неговата чест.

Левото крило играше за Металург и за Бутел Скопје, беше дел и од кадетскиот национален тим на Македонија.