Французинот Тјери Анти, една година пред договореното, заминува од клупата на португалскиот Спортинг Лисабон.
Тој е договорен да го преземе Екс ан Прованс, но дали тоа ќе биде ова или следното лето, останува да видиме.
Од Лисабон заминува и левото крило Иван Никчевиќ, кој настапуваше за Спортинг од 2016 година, кога дојде од Висла Плоцк.
Бенфика и Порто се активни на трансфер пазарот, а Спортинг досега ангажираше само еден играч, и тоа десното крило Дарко Ѓукиќ.