Според информациите на „RTH Handball“, левото крило на репрезентацијата на Исланд, Ори Фреј Торкелсон, се наоѓа пред трансфер во екипата на Спортинг Лисабон.
Исланѓанецот моментално е дел од норвешкиот шампион Елверум, клуб во кој настапува од сезона 2021/22.
Торкелсон пред да го засили клубот од Норвешка настапуваше за матичниот Хаукар.
Спортинг за следната натпреварувачка сезона планира неколку промени во својот ростер.