Португалскиот вицепрвак Спортинг Лисабон донесе уште едно засилување пред стартот на новата сезона.
Станува збор за данскиот кружен напаѓач Бенјамин Јакобсен, кој минатите четири сезони ги мина во данскиот Алборг.
Претходно Јакобсен, освен за Алборг, во татковината играше и за Скјерн, Сакндерборг и Бјерингбро-Силкеборг.
Тој беше дел од репрезентацијата на Данска на Мундијалот во Египет и го освои златниот медал.
Спортинг претходно ги донесе левото крило Торкелсон, десното крило Портела, како и бековите Лима, Гури и Гомес.