Досегашниот ракометар на украинскиот првак Мотор Запорожје, Дмитро Дорошчук, во новата сезона ќе има нов предизвик.
Украинскиот репрезентативен пикер потпиша договор на една сезона со португалскиот Спортинг Лисабон.
33-годишниот Дорошчук потекнува од Портовик Јужњи, беше дел од ЗТР Запорожје, израелскиот Хапоел Ришон Ле Зион, белорускиот Динамо Минск, а последните неколку години играше за Мотор.
Иако се чинеше дека Спортинг по намалувањето на буџетот ќе ги намали и амбициите, сепак успеа да создаде респектибилен ростер.
Покрај Дорошчук, дојдоа и Дарко Ѓукиќ, германскиот десен бек Јенс Шонгарт, а останаа Арно Бинго, Тиаго Роча, Карлос Руесга… Спортинг оваа сезона ќе биде дел од Лигата на Европа.