Кире Лазаров го одигра својот последен натпревар пред публиката во Нант во победата на својот тим од 32:18 против Тулуз во 30. коло.
Десниот бек на своето збогување од навивачите постигна три погодоци меѓу кои и еден атрактивен со цепелин карактеристичен за него, а на крајот беше испратен со овации од публиката.
Кире Лазаров ќе има уште еден настап во дресот на Нант кој ќе биде последен о неговата кариера, а тоа е финалето во Купот на Франција против ПСЖ кое ќе се игра во сабота. Ова ќе биде одлична можност Лазаров кариерата да ја заврши со освојување на уште една титула.
Покрај Кирил Лазаров си заминуваат уште неколку играчи како Пешмалбек и Балагер, а сите беа испратени спектакуларно. Имаше и видео пораки за Лазаров од Чави Пасквал и Никола Карабатиќ.