СПЕКТАКУЛАРЕН ГОЛ ЗА ТВ ШПИЦИ: Џатевска погоди од половина терен против Ѓорче! (ВИДЕО)

На полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија во женска конкуренција меѓу Вардар и Ѓорче Петров видовме спектакуларен гол од половина терен. Ивана Џатевска, пивотот на вардарки, биеше од центарот на игралиштето во последните секунди од првото полувреме и ја погоди мрежата на Слободанка Кицеска, која не беше подготвена за ваков удар. Погледнете го овој погодок на Џатевска....