По неколку месеци преговори, унгарскиот шампион Веспрем успеа да договори ревијален натпревар против Кил на 30 август.
Главната вест е што тој натпревар ќе биде проштален за легендите Ласло Наѓ, Момир Илиќ, Арпад Штербик и голманот Нандор Фазекаш.
На тој дуел треба да има официјално збогување со Мирсад Терзиќ, Драган Гајиќ, Борут Мачковшек и Павел Пачковски, кои веќе се подготвуваат со новите клубови.
Следните денови ќе има информација за тоа дали и колку гледачи ќе можат да бидат присутни во „Веспрем Арена“, како и за саатницата на натпреварот.