Спартак убедливо го совлада Овче Поле СУ

Ракометарките на Спартак стигнаа до втората победа во сезоната од Женската лига откако на свој терен беа подобри од Овче Поле СУ со 37:24.

Натпреварот беше решен уште по првиот дел кога домашниот тим одигра одлично и обезбеди високо водство. Овче Поле СУ постигна само пет гола во првиот дел и по 30 минути игра домашпниот тим имаше 19:5.

Доминацијата на ракометарките на Спартак продолжи и во вториот дел, имаа највисока предност од 17 гола, но Овче Поле СУ успеа во завршницата да го ублажи поразот.

Најефикасна во составот на Спартак беше Ана Марија Коларовска со осум погодоци, а Симона Василева постигна пет гола.

Во составот на Овче Поле СУ најмногу се истакна Елена Вучевска со шест гола. Со оваа победа Спартак се израмни со денешниот противник со по две победи и шест порази.