„Од овој викенд Прленда и јас не сме повеќе тренери на Спартак. Поради големи разлики во ставовите со менаџментот на клубот си поднесовме оставки“, ни изјави Ања Алтхаус.
ЖРК Спартак остана без тренери, откако Ања Алтхаус и Марија Прленда викендов си заминаа од клубот.
Поранешната вардарка која стана македонска снаа и остана да живее и да работи во Македонија, во последните година дена заедно со Прленда го предводеа тимот на Спартак, но соработката е прекината поради различни ставови со менаџментот на клубот.
„Сакам да останам искрена кон себе, но и кон она што секогаш сум била, не само како личност туку и како професионална ракометарка и тренер во изминативе година дена. Од овој викенд Прленда и јас не сме повеќе тренери на Спартак. Поради големи разлики во ставовите со менаџментот на клубот си поднесовме оставки. Ова беше навистина тешка одлука и за двете. Имавме прекрасна година во клубот и жалиме што моравме да ги оставиме девојките. Им посакуваме се најдобро“, изјави за 24ракомет, Ања Алтхаус.
Спартак ланската сезона заврши на седмото место во женската лига.