Регионалната СЕХА лига полека се претвора во натпреварување на младинските екипи на клубовите учесници. Сите тимови кои партиципираат барем по еднаш одиграле меч сезонава со подмладокот, а исклучок нема да биде ниту новајлијата, Спартак Москва.
Рускиот тим со младинци отпатува за хрватската престолнина, каде ќе се соочи со шампионот Загреб, во одложениот натпревар од 1 октомври.
Од поискусните ракометари во ростерот ќе бидат само црногорскиот интернационалец Игор Радојевиќ, Дмитри Шелестјуков и Миндаугас Урбонас.
Натпреварот меѓу Загреб и Спартак Москва се игра вечерва од 19:00 часот.