Спартак направи од готово-вересија – а можеше и да биде поразен

Во рамки од 11. коло од плеј-аут фазата во Супер женската лига, Спартак и Феникс одиграа без победник, 27:27, иако, домаќинките речиси го имаа натпреварот во свои раце, сепак, потфрлија кога најмногу требаше, во последните пет минути.

Избраничките на Велимир Мицевски во најголемиот дел од натпреварот беа во водство, во првиот дел водеа со два до три гола разлика, додека во второто полувреме во неколку наврати имаа плус четири, 22:18, 23:19, 24:20, 25:21. Феникс во првото полувреме, кое заврши со резултат 15:13 за Спартак, водеше само во воведниот дел со 1:2 и 2:3.

Пресвртот од страна на гостинската екипа од Битола се случи во последните десет минути од натпреварот. Корлевска и Талева беа незадржливи во финишот и со нивните погодоци Феникс се врати во живот. При водство на Спартак од 26:22, следуваше серија на Феникс од 5:0 за комплетен пресврт од 26:27.

Голот за реми го постигна Ана Бочваровска на триесетина секунди пред крајот. Ракометарките на Николче Костовски во последниот напад не успеаја да дојдат до реализација, така што дуелот меѓу второпласираната и третопласираната екипа во плеј-аутот заврши без победник.

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката од Спартак, Ангела Гроздановска со 12 погодоци. Во таборот на Феникс, листата на стрелци беше предводена од Ана Марија Талева со 11 и Сандра Корлевска со осум гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ШАМПИОН1071222
2ГЕВГЕЛИЈА1050515
3СПАРТАК92167