Ракометарките на Спартак на домашен терен беа изненадени од Гевегелија која стигна до важен бод на ова гостување. Во натпревар од 5. коло во женската лига Спартак и Гевгелија одиграа 23:23.
Натпреварот беше израмнет и неизвесен од почеток до крај и во ниту еден момент не се навестуваше која екипа ќе излезе како победник од овој дуел. Гевгелија отвори со 3:0, но многу брзо домашната екипа се врати кога израмни на 4:4. До крај на полувремето Гевгелија го одржуваше минималното водсто и по 30 минути имаше предност 13:12.
Вториот дел помина слично како и првиот, ниту една екипа не се одлепи на посигурна предност. Спартак поведе, но повторно имаше смена во водството и гостите во финишот влегоа со мала предност. Сепак гол предност во завршницата не беше доволно за победа на Гевгелија и на крајот екипите ги поделија бодовите.
Најефикасна во екипата на Спартак беше Мартина Стефановска со осум гола, а пет постигна Маја Китановска. За составот на Гевгелија по шест гола постигнаа Митревска, Петковска и Митрова.
СПАРТАК – ГЕВГЕЛИЈА 23:23 (12:13)
Сала: ОУ Круме Кепески во Скопје. Гледачи: 20. Судии: Михаела Капсарева и Лејла Јашар од Скопје. Делегат: Васе Зипевски од Гостивар.
СПАРТАК: Филиповска, Неделковска, Андонова 4, Китановска 5, Костадиновска 4, Георгиевска, Самарџиска, Стефановска 8, Величковска, Димитрова , Лазаровска, Кузмановска, Кимовска, Кимовска, Мартиновска 1, Домазетовска.
Седмерци: 5/7. Исклучувања: 8 мин.
ГЕВГЕЛИЈА: Каранфилвска, Басова, Мандалова 2, Пецевска 2, Митревска 6, Митрова 1, Горковска, Попова, Петковска, Митрова, Ибрахимович.
Седмерци: 1/1. Исклучувања: 4 мин.