Спартак во финишот го скрши отпорот на Шампион

Во салата во Автокоманда во рамките од плеј-аутот во женската Лига Спартак забележа победа над Шампион од 26:31.

По неколку загубени топки на двете страни првиот гол беше постигнат во втората минута откако Божиновска Ема реализираше контра за својот тим, Шампион возврати веднаш во следниот напад преку Неделковска Нина.

Како што изгледаа првите минути така течеше и останатиот дел од првото полувреме. Гостите одржуваа предност од најмногу три разлика која ја имаа на два пати (9:12 и 10:13), но домаќините не дозволија посериозно да се одлепат, на пауза се замина со 14:14.

Неизвесна игра ни донесе и второто полувреме се до завршницата. Ако во првото полувреме гостите имаа три разлика во овој втор дел двете екипи не направија поголема предност од еден гол се до 47. минута. Тогаш Спартак поведе со 22:24. Се вратија домаќините по таа предност со два гола во серија изедначија на 24:24, но потоа следуваше серија на гостите од 0:5 со која го решија прашањето на победникот.

Најефикасна во редовите на ЖРК Шампион беше Неделковска Нина со девет гола, а на спротивната страна Гроздановска Ангела постигна 11 гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ШАМПИОН1071222
2СКОПЈЕ1061319
3ДЕСПИНА960318
4АСТИБО951316
5ГЕВГЕЛИЈА1050515
6СПАРТАК92167