Спартак без проблеми до триумф над Шампион

Тимот на Спартак Кисела Вода ја оствари третата победа во оваа сезона од Женската лига, откако славеше на гостински терен кај составот на Шампион со убедливи девет голови разлика, 22-31.

Беше неизвесно само во првите десетина минути кога беше 3-3. Потоа Спартак поведе со 3-6, а до крајот на полувремето избраничките на Велимир Мицевски стигнаа до солидна залиха од четири гола, 10-14.

Домашните ракометарки успеаја да намалат на минус два на стартот на вториот дел, 12-14, но немаа сили за да го загрозат гостинското водство. Откако Спартак се одлепи на плус пет, 13-18, немаше дилеми до крајот околу победникот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ана Марија Коларовска со девет голови, како и Ана Георгиевска и Маја Китановска со по шест погодоци. Во тимот на Шампион се истакна Ангела Петровска со шест гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080