Селекцијата на Словенија по пласманот во втората фаза доби скромно изненадување од своите спонзори.
Избраниците на Љубомир Врањеш во хотелот по триумфот над Македонија и ремито со Шведска имаа неочекуван „подарок“.
Спонзорите на националниот тим одлучија да ги изненадат и им испратија две гајби јаболка во Египет.
Судејќи по фотографиите, Словенците уживаа и беа задоволни…