Со што Дибиров го изненади Калараш за роденден (ФОТО)

Пред два дена рускиот репрезентативец од Вардар, Глеб Калараш, го прослави 30-тиот роденден.

На социјалните мрежи се пофали за еден од подароците што ги добил за роденденот – најновиот модел на Сони Плејстејшн 5.

За ваквото изненадување се погрижи неговиот клупски колега и поранешен соиграч од националниот тим, Тимур Дибиров.

И левото крило на Вардар пред неколку дена се поднови со истиот модел на Сони.

„Многу ти благодарам за ваквиот подарок за роденден. Не знам како ти успеа, ама ми стигна на денот кога излезе во продажба“, напиша Калараш.