На неколку дена до почетокот на Европското првенство веќе се познати судиите кои ќе истрчаат на терен на натпреварите од 1. коло. Делегирани се судии за сите средби од шестте групи од почетното коло, а Македонија за дуелот против Украина доби Норвежани.
На теренот во Виена на 10 јануари ќе се најдат Ларс Јорум и Хавард Клевен. Тоа ќе биде првпат Јорум и Клевен да и судат натпревар на репрезентацијата на Македонија.
Во 1. коло нема да има македонски судии, а на овој шампионат ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кои важат за едни од најдобрите судии во Европа и во светот во моментов.
ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ ЗА 1. КОЛО НА ЕП
ГРУПА А
БЕЛОРУСИЈА – СРБИЈА
Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека од Португалија.
ХРВАТСКА – ЦРНА ГОРА
Артур Брунер и Морад Салах од Швајцарија.
ГРУПА Б
ЧЕШКА – АВСТРИЈА
Јонас Елијасон и Антон Палсон од Исланд.
МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА
Ларс Јорум и Хавард Клевен од Норвешка.
ГРУПА Ц
ГЕРМАНИЈА – ХОЛАНДИЈА
Бојан Лах и Давид Сок од Словенија.
ШПАНИЈА – ЛЕТОНИЈА
Мадсен Јеспер Киркхолм и Хенрик Мортенсен од Данска.
ГРУПА Д
ФРАНЦИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис од Летонија.
НОРВЕШКА – БИХ
Роберт Шулце и Тобијас Тонис од Германија.
ГРУПА Е
УНГАРИЈА – РУСИЈА
Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица од Хрватска.
ДАНСКА – ИСЛАНД
Иван Павичевиќ и Милош Ражнатовиќ од Црна Гора.
ГРУПА Ф
СЛОВЕНИЈА – ПОЛСКА
Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни од Чешка.
ШВЕДСКА – ШВАЈЦАРИЈА
Андреу Марин и Игнасио Гарсија Серадиља од Шпанија.х