Федерацијата на Северна Америка и Кариби нема да го организира шампионатот што требаше да биде квалификациски за пласман на Светското првенство во Египет следната година.
ИХФ на селекциите од оваа федерација им постави рок до 1 октомври да решат дали ќе играат, но тоа нема да се случи. Најпрво беше избран Мексико за домаќин, потоа се споменуваше и Порторико, но нема да има ништо од тоа.
Само четири селекции беа пријавени за учество на шампионатот на Северна Америка и Кариби – САД, Портирико, Гренланд и Канада.
Сега топката е префрлена кон ИХФ. Дали ќе дозволи да се одржи ждрепка и една од претходно споменатите селекции да патува на Мундијалот во Египет или ќе даде шанса на некоја од европските репрезентации што не добија вајлд-карта, а таму прва на чекање е Македонија.
Турнирот од Средна и Јужна Америка, кој треба да го даде последниот пат на СП, треба да се одржи во Уругвај.