Репрезентацијата на Македонија денес го игра реваншот против Чешка во рамките од баражот за Светското првенство. По ремито во Злин (24:24) ние се надеваме дека на домашен терен ќе обезбедиме билет за Мундијалот во Полска и Шведска.
Познат е и составот за кој се одлучи Лазаров за овој реванш и во него има само една промена во однос на дуелот во Злин. На местото на Марко Митев во составот е Михајло Младеновиќ.
Натпреварот помеѓу Македонија и Чешка стартува во 19:00 часот и билетите за овој дуел се распродадени, па македонските ракометари ќе имаат максимална поддршка од трибините.