Поранешниот ракометар на Вардар, а сегашен на полскиот Келце, Игор Карачиќ, доби големо признание во Хрватска.
За првпат во кариерата тој е прогласен за најдобар ракометар на годината во оваа земја во изборот на Хрватскиот ракометен сојуз и „Спортске новости“.
Карачиќ освен титулата со Вардар во ЛШ, каде беше прогласен и за МВП на завршниот турнир, а имаше и одличен настап на Мундијалот во Германија.
Покрај Карачиќ, за ракометарка на годината беше прогласена Ивана Капитановиќ од Мец, најдобар тренер Лино Червар, додека најдобри судии се Матија Губица и Борис Милошевиќ.