„Со ваква игра ни на сон нема да ја победиме Македонија“

Селекцијата на Аргентина на првиот дуел на Светското првенство беше убедливо поразена од Холандија, со резултат 29:19, во рамки од групата Ф, во која се наоѓа и Македонија.

Ѕвездата во репрезентацијата на Аргентина, Диего Симонет истакна дека е разочаран од прикажаната игра против ,,лалињата”.

Членот на Монпелје изјави дека доколку неговата репрезентација игра на слично ниво против Македонија, тогаш ниту на сон нема да ја победат нашата селекција.

,,Доколку продолжиме да играме вака, ни на сон нема да ја победиме репрезентацијата на Македонија. После денешната игра, сега секој натпревар за нас ќе биде како финале. Ние имаме огромна почит кон Македонија, селекција составена од професионалци и на дуелот што нѐ очекува ќе победи тој што помалку ќе направи грешки. Против Холандија направивме многу грешки”, изјави Симонет.

Македонија и Аргентина силите ќе ги одмерат на 17 јануари. Пред меѓусебниот дуел, избраниците на Кире Лазаров ќе играат против Холандија, додека Аргентина ќе оди на мегдан со Норвешка.

Холандија има „ѕвер” на голот: Равенсберген спушти ролетна, „лалињата” ја растурија Аргентина!