Сосема очекувано, Десподовска донесе нова победа за Кобиржице

Интернационалката од Македонија во првенството на Полска, Зорица Десподовска продолжува со одличните игри. Со нејзините седум гола и одличното играње во текот н сите 60 минути одново беше лидер во тимот на Кобиржице овој пат на гостувањето кај Рух Хорзов.

Тимот на Кобиржице дојде до победа од 31:22 со што продолжи со одличните игри и со победите во оваа сезона.

Кобиржице уште од стартот на средбата тргна решително и тоа се гледаше и во играта. Работите функционираа како што можеше да се посакува и тоа даваше резултат така што на крајот само беше прашање со која разлика ќе се обезбедат новите бодови.

Зорица Десподовска сосема очекувано одигра уште една одлична партија ставајќи до знаење уште еднаш дека е меѓу најдобрите ракометари во првенството на Полска во моментов.

Таа со седум гола не само што беше најефикасната во редовите на Кобиржице туку и на натпреварот. Два гола од овие седум ги постигна од линијата од седум метри, а имаше и две исклучувања.