Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите поединци во европскиот шампион Вардар оваа сезона.
Средниот бек на „црвено-црниот“ тим имаше фантастична партија и против украинскиот шампион Мотор во победата со 38-28, па медиа тимот на ЕХФ немаше избор и мораше да го стави во идеалниот тим на колото.
Иако Вардар беше во тешка ситуација по заминувањата на Атман и Кристопанс и сите мислеа дека дури и Мотор нема да биде лесен залак, сепак Скубе го водеше тимот до убедливата победа.
Покрај Скубе во идеалниот тим на ова коло во ЛШ се и Жоан Канелјас од ПИК Сегед, левото крило на Монпелје – Уго Деска, Алекс Душебаев од Келце, Мариус Штајнхаузер од Фленсбург, Хенрик Пекелер од Кил, како и голманот на Келце, Андреас Вулф.