Капитенот на машката репрезентација, Кире Лазаров, сосема заслужено се најде во идеалниот тим на 11. коло на францускиот шампионат.
Откако беше стрелец на победничкиот гол на дуелот меѓу Шамбери и Нант, кој заврши 28-29, немаше дилеми дека Лазаров ќе биде најдобар десен бек.
Тој беше најдобар стрелец во дресот на Нант и постигна шест голови. Покрај Лазаров, од составот на Нант во идеалниот тим се најде и пивотменот Николас Турна.
Идеален тим на 11. коло:
Голман: Арно Табаран (Истр)
Лево крило: Килиан Вијмино (Монпелје)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек: О’Брајан Нијато (Ним)
Десен бек: Кире Лазаров (Нант)
Десно крило: Мохамед Санад (Ним)
Пивотмен: Николас Турна (Нант)
Дефанзивец: Реми Левантуа (Тулуз)