Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за последниот натпревар од групната фаза во групата Б од Европското првенство што се игра во Австрија, Норвешка и Шведска.
Средбата меѓу Австрија и Македонија ќе ја судат словенечките арбитри Давид Сок и Давид Лах, а ова е изненадувачка одлука, бидејќи се работи за судии од соседна земја на организаторот.
Натпреварот меѓу Австрија и Македонија се игра во „Штадхале Арена“ во текот на утрешниот ден со почеток во 18:15 часот.