По крајот на сезоната, тројца играчи на каталонскиот гигант Барселона влегоа во историјата на овој клуб.
Станува збор за средниот бек Раул Ентрериос, левото крило Аитор Арињо и кружниот напаѓач Седрик Сорендо.
По освоените титули во Асобал лигата и Купот на Шпанија, Арињо стигна до 51 титула, додека Ентрериос и Сорендо стигнаа до 50 титули со каталонскиот тим.
На првото место на листата се наоѓа легендарниот голман Давид Баруфет, кој има освоено дури 71 титула со Барселона, а сега работи како менаџер на клубот.