Екипата на Сондеријске во рамки од 8. коло од данскиот шампионат на свој терен ќе го пречека Алборг и ќе се обиде да се покаже во добро светло против еден од најдобрите клубови од Европа.
За утрешниот натпревар, кој ќе се одигра со почеток од 16:10 часот, билети веќе нема и голем дел од фановите на Сондерјиске ќе мораат да го следат дуелот пред малите екрани.
Раководството на Сондерјиске информираше дека за неполни два часа сите 2.000 билети за дуелот против Алборг биле веќе распродадени. Клубот дури беше принуден да испрати баарње до сопствениците на сезонски билети, барајќи од нив да ги отстапат своите места доколку не присуствуваат на натпреварот.
Најверојатно доаѓањето на Микел Хансен, кој од оваа сезона го носи дресот на данскиот вицепрвак, предизвикало голем интерес кај навивачите на Сондерјиске.
,,Ова е невидено и никогаш немало ваков огромен интерес за некој натпревар во десетте години што ги минав во овој клуб. Возбудата околу билетите за овој натпревар беше огромна. За среќа, сезоната е долга, а нашите навивачи ги очекуваат многу добри натпревари во нашата арена“, изјави координаторката на Сондерјиске”, Кристина Нисен.