Женската репрезентација на Македонија загуби на трите натпревари на Европското првенство од Романија, Холандија и Франција.
Сите девојки од нашата репрезентација за првпат играа на голем настан, за разлика од сите други ривали, кои веќе имаат многу искуство и многу одиграни натпревари на големи натпреварувања.
Ракометарките одиграа според реалните можности, беа конкуренти на последниот натпревар против Романија, но на крајот сепак завршија на последното место.
Нивните солзи по крајот на мечот против Романките доволно говорат колку им значеше настапот на ова Европско првенство.
Следната обврска и предизвик ќе биде баражот за СП 2023 во Норвешка, Данска и Шведска. Со малку среќа во ждрепката, Македонија би можела да добие ривал со кој ќе може да се надигрува и по 16 години да игра на Мундијал.