Собранието на РФМ ќе се одржи на 7 мај!

Редовното годишно собрание на Ракометната федерација на Македонија, иако вообичаено досега се одржуваше на почетокот на февруари, ќе се одржи на 7 мај.

Покрај другите точки, на ова собрание ќе биде дефинирана и најавената промена на системот на натпреварување во Супер лигата во машка конкуренција.

За сезоната 2022/23, мината година УО на РФМ донесе одлука елитната конкуренција да брои 10 тима, но имаше иницијатива од поголем број клубови, да играат 16 екипи.

Веројатно ќе бидат дефинирани и најавените промени во женската елитна конкуренција, новите системи на натпреварување во младинските категории…