Снежно невреме го одложи дуелот меѓу Шпанија и Хрватска

Европската ракометна федерација го одложи натпреварот од третото коло на ЕХФ ЕУРО Купот меѓу Шпанија и Хрватска кој денеска од 18:00 часот требаше да се одигра во Мадрид.

Причина е снежното невреме што го зафати главниот шпански град, па аеродомот е затворен и нема летови. Хрватите утринава ја дознаа веста, па не се качија на чартерот за шпанската метропола.

Избраниците на Червар пред четири дена ја совладаа Шпанија со 31-28 и избија на врвот на табелата во групата со Унгарија и Словачка.

Хрватска на 12 јануари патува за Египет, а таму на СП ќе биде во група со Катар, Ангола и Јапонија.