14.05.2023, xgox, Handball - Liqui Moly HBL, Rhein-Neckar Loewen - SC Magdeburg emspor, v.l.

Смитс со блескава партија – Магдебург е првиот патник на Ф4 во Келн!

Екипата на Магдебург по победата над Висла Плоцк од 30:28 (13:13) е првиот патник на Ф4 турнирот во Келн.

Првиот дуел меѓу двете екипи заврши без победник, 22:22, па така на Магдебург за пласман на Ф4 турнирот во Келн му требаше минимална победа.

За актуелниот шампион на Бундес лигата пласманот меѓу најдобрите четири екипи во Лигата на шампионите е најголемиот клупски успех од кога е воведен Ф4 турнирот, а најзаслужен за денешната победа беше репрезентативецот на Холандија, Кај Смитс, кој постигна дури 14 погодоци.

До 45. минута ниту една од двете екипи не можеше да се одлепи на поголема разлика од еден гол. Уште од стартот, па до последната половина од натпреварот се играше гол за гол, двете екипи наизменично се менуваа во водство и резултатот најчесто беше нерешен.

Бундеслигашот првиот чекор го направи на 15 минути пред крајот кога од 20:20 замина на ,,плус два” 22:20. Магдебург уште во неколку наврати имаше предност од два гола, водеше со 23:21 и 24:22. Висла Плоцк со два гола во низа израмни на 24:24 и најави интересен финиш.

Сепак, Магдебург во последните пет минути успеа целосн ода го надигра тимот од Плоцк, зголеми на 29:26 имајќи мирна завршница.