Актуелниот селектор на Босна и Херцеговина, Ирфан Смајлагиќ, по 36 години се врати во матичниот клуб Борац Бања Лука и ќе ја извршува тренерската функција.
Откако замина од Бања Лука, Смајлагиќ имаше импресивна кариера, освои медали на ОИ 1996, бронза на ОИ 1988, сребро на СП 1995 и бронза на ЕП 1994 година.
На прес-конференцијата, Смајлагиќ го спореди Борац со фудбалскиот тим на Барса.
„Смислата на целата приказна се сведува на резултат. Колку и да зборуваме за клубот, да кажуваме дека Борац е како Барса во контекст на фудбалот – најтрофеен тим во екс Југославија, најтрофеен на овие простори од појавувањето на ракометот, екс европски првак и голем учесник во развојот на европскиот и светскиот ракомет. Клубот створи рејтинг и имиџ кој ќе остане вечно запаметен. Меѓутоа времињата се менуваат. Сега сме во ситуација западните клубови кои имаат финансиска моќ да се на врвот. Споредбата меѓу Барса и Борац Бања Лука е во контекст на минатото и традицијата, клубот беше на европско ниво, не само играчи, туку и организациски и финансиски. Имаше клупски стил што беше привлечен за сите ракометари. Беше авангарда за тоа време и поради тоа останува брендот што ќе се памети вечно. Mожам само да ветам дека ќе дадам се од себе и дека со играчите ќе направам нешто подобро отколку што беше досега“, изјави Смајлагиќ на промоцијата.
Како селектор ги водеше Египет и Иран, како и младинската селекција на Хрватска, додека имаше клупски ангажмани во Босна Сарајево, Замет Ријека, Локомотива Загреб и Чаковец.