Откако октопод, слон, желка, мечка и уште неколку животни „предвидуваа“ победници на натпревари од фудбалските Европски и Светски првенства, сега имаме таков случај и во ракометот.
Лавицата Олесија од зоолошката градина во Ростов Дон, се „обложи“ на победа на руската репрезентација во натпреварот од првата фаза против репрезентацијата на Шведска на Олимписките игри во Токио.
Олесија се сомневаше во нејзините предвидувања за борбата против Бразил, а натпреварот заврши нерешено, 24:24. Овој пат таа беше сигурна во своите предвидувања и се „обложува“ на победа на Русинките.
Во првото коло, Русија ремизираше со Бразил, а во второто коло како противник ја има незгодната репрезентација на Шведска која на стартот беше убедлива против Шпанија.
Натпреварот меѓу Русија и Шведска се игра во утринската програма со почеток од 07:15 часот.