Словенци на теренот меѓу Македонија и Швајцарија

На средбата меѓу Македонија и Швајцарија која ќе биде одиграна в недела од 18 часот во салата во СЦ „Јане Сандански“ на теренот ќе се најдат арбитри од Словенија.

Судии на овој натпревар се Бојан Лах и Давид Сок од Словенија. Тие ќе имаат интересна средба на која Македонија ќе влезе како фаворит за победа.

Делегат на овој дуел е Предраг Павичевиќ од Црна Гора.

Македонија веќе има обезбедено пласман на Европското првенство, па в недела ќе се игра само за нови бодови и победа.