Репрезентациајта на Словенија го имаше првиот собир во Целје и официјално ги започна подоготвките за Европското првенство. Тие првиот дуел на првенствотото го играат на 10. јануари, а до тогаш избраниците на Љубомир Врањеш ќе одиграат два подготвителни натпревари.
На првиот собир во Златорог Aрената се појавија 18 од повикани 24 ракометари. Заради клупски обврски ги немаше Лесјак, Кастелиц, Разгор, Зарабец, Бомбач и Цехте кои ќе се приклучат од следната недела.
Словенците ги започнаа подготовките под водство на Урош Зорман во Целје, а веднаш по првиот тренинг се преселија во својата стандардна база во Зрече, каде што вчера се приклучи и новиот селектор Врањеш. Во Зрече ќе тренираат до поаѓањето за Шведска на 8 јануари.
„Јас и Врањеш направивме план на подготовките според кој ќе се обидеме да го спроведеме најоптимално. Верувам дека нема да имаме проблеми. Било каква промена ќе донесе нешто добро за нас. Од разговорот со селекторот можам да кажам дека е полн со оптимизам. Ракометарите го чувствуваат тоа и не очекува убава приказна“, коментираше Зорман.
Новиот селектор ќе го објави конечниот список на патници на ЕП в недела, па Словенците против Македонија на пријателската средба ќе настапат со оние ракометари што ќе бидат дел од континеталниот собир. Словенија го започнува својот настап на првенството против селекцијата на Полска, а потоа ќе игра уште против домаќинот Шведска и против Швајцарија.